Зелениот катастар и новиот парк се финансирани со средствата од ИПА проектот за меѓугранична соработка помеѓу Р. Бугарија и Р. Северна Македонија - ПАРКС.

    🌳

    Во тек е креирањето на Зелениот катастар во општина Крива Паланка.
    Овој документ има за цел да попише 5000 зелени точки во градот, во моментов се попишани половина, а објавувањето на истиот се очекува да биде финализиран во текот на летото.
    Во тек е мерењето и во о.Дупница, Бугарија каде тековно се попишува зеленилото. Зелениот катастар е значаен за следење на урбаното зеленило во градовите. Само преку точно познавање на состојбите истите можеме да ги подобруваме.

     

     

    Со правењето на новиот парк зеленилото во Крива Паланка ќе биде збогатено со уште едно место за рекреација на паланчани. Паркот ќе биде промовиран на јавноста пред крајот на месец јуни.

     Зелениот катастар и новиот парк се финансирани со средствата од ИПА проектот за меѓугранична соработка помеѓу Р. Бугарија и Р. Северна Македонија - ПАРКС.

    Проектот ПАРКС има за цел да поддржи подобрување на квалитетот на живот во градовите преку креирање повеќе површини со урбано зеленило. Во рамки на истиот сериозно ќе се збогати зеленилото во градовите Дупница и Крива Паланка.

     
     
     

    Следете нѐ за повеќе тековни и формации.

     
     
     
    mk_MKМакедонски јазик