Почеток на активностите за уредување на просторот во Дупница: Клучна фаза од PARKS проектот

    На 9 септември 2025 година, градилиштето официјално беше отворено, што означува почеток на градежните активности во градот Дупница. Во рамките на првата фаза од градежниот процес, тимовите вклучени во подготовката за садење вегетација и уредување на територијата, исто така започнаа со работа.

    Активностите вклучуваат подготовка на теренот, испорака и садење на дрвја, грмушки и тревници, согласно одобрениот проект, како и дополнителни интервенции поврзани со целокупното унапредување на просторот.

    Отворањето на градилиштето и почетокот на активностите за уредување на просторот го означуваат почетокот на клучната фаза во имплементацијата на проектот, која ќе придонесе за подобрување на урбаната средина и одржлив развој на територијата.

    Проектот Parks e поддржан од INTERREG IPA Cross Border Cooperation програмата на ЕУ за прекугранична соработка помеѓу С.Македонија и Бугарија.
    Следете нѐ за повеќе информации.
    mk_MKМакедонски јазик